
Силекс продолжува да се засилува: Пристигна Хамзиќ од Гостивар
Хамзиќ е фудбалер кој кариерата ја започна во Работнички каде што беше дел и од младинските категории за минатото лето да се пресели во Гостивар кој амбицизно тргна во сезоната, но на крајот неславно заврши со исфрлање во најнизок ранг.
Во таква ситуација најголем дел од фудбалерите си бараат нови клубови, а тоа го искроисти и кратовскиот состав кој летово го очекуваат квалификации за Конференциската лига.
Хамзиќ е четвртото засилување за кратовчани откако претходно пристигнаа: Мигуел Пиреш од Порутгалија, Босанецот Миљан Говедарица и напаѓачот Мартин Мирчевски.