Севилја му ја украде победата на Бетис во 91. минута! (ВИДЕО)
По првото полувреме без голови, Бетис ја презеде иницијативата и во 50. минута го отвори резултатот. Антони се најде во одлична позиција по додавањето на Иско и ја искористи шансата за да ги шокира домаќините.
Севилја успеа да ја анулира негативата во финишот, односно во 91. минута кога Кике Салас се погрижи за израмнување и ги спаси домаќините од пораз.
Фото: Facebook/Real Betis Balompié