Столе со „сто раце“ - Македонецот пак беше херој на Валенсија! (ВИДЕО)

Валенсија славеше со 1-0 против Рајо Валјекано во 13. коло од шпанската Ла Лига, а еден од најзаслужните за триумфот беше македонскиот голман Столе Димитриевски.

Димитриевски блесна на голот на Валенсија против својот поранешен клуб, при што запиша пет интервенции од кои една беше навистина спектакуларна.

Македонскиот чувар на мрежата со ова ѝ донесе големи три бодови на Валенсија, која конечно избега од зоната за испаѓање од Ла Лига.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by LALIGA (@laliga)

Фото: Facebook/Valencia C.F