Ефремовски го наполни кошот на ТФТ за „осум од осум“ на Работнички (ФОТО)
Првата четвртина помина со поголема борба на паркетот, а Работнички имаше предност од 21-17. Сепак, екипата од Центар успеа до полувреме дополнително да ја зголеми разликата на 47-34.
ТФТ не успеа да му парира на Работнички, кој стигна и до +27 во третата четвртина, а на крајот успеа да слави со убедливи 103-84.
Виктор Ефремовски одигра одличен меч за Работнички и постигна 29 поени, два скока и четири асистенции, додека Сила имаше 26 поени и 21 асистенција за ТФТ.
Работнички е лидер во шампионатот со 16 бодови, додека ТФТ остана на четвртата позиција со 12 поени.






