Кејн опериран по тешката повреда, напаѓачот се огласи од болница (ФОТО)
Баерн потврди дека нивниот најдобар стрелец заработил руптура на синдезмотскиот лигамент и дека сега ќе започне со процесот на рехабилитација.
Германскиот клуб не го објави точниот период на закрепнување, но според пишувањата на медиумите, Кејн го очекуваат околу три месеци пауза. Тоа значи дека на теренот би можел да се врати дури на почетокот на 2027 година, што би било голем удар за тимот на Винсент Компани.
„Животот е полн со подеми и падови. Секако дека сум многу разочаран поради оваа повреда, но, како и секогаш, ова е можност да покажам издржливост и да продолжам да напредувам пред 2027 година. Ќе се вратам одморен и подготвен за решавачкиот дел од сезоната“, објави Кејн.
Кејн на крајот на октомври ја освои Златната топка, најголемото индивидуално признание во фудбалот, по фантастичната мината сезона во која постигна 61 гол на 51 официјален натпревар за Баерн. Тој ја освои и наградата „Герд Милер“ за најдобар стрелец.