Рамадани го сеири Вардар: И првиот пат беше слатко, затоа моравме да повториме! (ФОТО)

Фудбалерите на Тиквеш денеска со 3-0 го победија Вардар на арената во Првата лига, а по овој триумф Бесир Рамадани од редовите на кавадаречкиот клуб ги „пецна“ црвено-црните.

На социјалните мрежи Рамадани објави фотографија на која во позадина е резултатот од натпреварот со опис:

„Првиот пат беше слетко, па мораше да повториме“.

Рамадани алудираше на победата на Тиквеш во Купот на Македонија која сепак поради административна грешка му беше доделена на актуелниот шампион.