Фулам за првпат по десет порази во низа не загуби од Манчестер Сити (ВИДЕО)
Гостинскиот тим поведе во 16. минута, кога Муниз го совлада Донарума и го изненади домашниот состав. Фулам имаше добар период и пред паузата можеше да ја зголеми предноста, додека Сити најсериозно се закани преку Халанд, кој не успеа да ја искористи добрата позиција и шутираше над голот.
Израмнувањето пристигна во 57. минута. По нафрлување од корнер и недоволно добро расчистување на гостинската одбрана, Андерсон ја дочека топката на работ од шеснаесетникот и со прецизен удар го совлада противничкиот голман за 1-1. Тоа беше негов прв погодок во англиската елита како играч на Манчестер Сити.
Во продолжението Сити притискаше и се обидуваше да го комплетира пресвртот. Шерки и Гвардиол добија шанса од клупата, но домашните не успеаја да го пронајдат патот до вториот гол, па резултатот остана непроменет.
Фулам со освоениот бод ја продолжи серијата без пораз на пет лигашки натпревари и стави крај на серијата од десет порази во низа против Манчестер Сити.
Интересно, на резервната клупа на Фулам беше и 19-годишниот Дино Кајзер, голман на младата репрезентација на Босна и Херцеговина. Тој беше повикан како резервен голман по повредата на Бенџамин Лекомт, но не доби можност да влезе во игра.