Рафаел Надал стана директор во Реал Мадрид (ВИДЕО)

Рафаел Надал и официјално стана дел од Бордот на директори на Реал Мадрид! Легендарниот шпански тенисер доби зелено светло од Собранието на делегатите на „кралскиот клуб“ на денешното заседание во спортскиот комплекс Валдебебас.

Надал лично присуствуваше на собранието, а неговото појавување беше проследено со громогласен аплауз. Претседателот Флорентино Перез побара од присутните дозвола тениската легенда да седне на претседателската маса, покрај останатите членови на раководството.

Предлогот за негово назначување беше инициран од Управниот одбор на 4 ноември, а денеска доби официјална потврда. Со тоа, човекот кој освои 22 Гренд слем титули започнува ново поглавје во својата спортска кариера, овојпат надвор од тениските терени.

Надал никогаш не ја криеше љубовта кон Реал Мадрид. Тој е почесен член на клубот од 2011 година, а во минатото дури се споменуваше и како потенцијален наследник на Флорентино Перез на претседателската функција. Засега, неговата улога ќе биде во Бордот на директори, каде што ќе има можност да учествува во работата и развојот на еден од најголемите спортски клубови во светот.

Надал зад себе има 92 освоени титули во сингл, од кои 22 се грен-слем трофеи, две олимписки злата и пет титули во Дејвис купот со Шпанија.