Медведев го збриша Тиафо за полуфинале на завршниот мастерс во Торино!

Рускиот тенисер Данил Медведев го совлада Американецот Френсис Тијафо (6-3, 6-4) во синоќешниот последен натпревар од групната фаза на завршниот АТП-турнир во Торино, со што обезбеди пласман во полуфиналето, каде што за противник ќе го има најдобриот тенисер во светот за оваа година, Германецот Александер Зверев.

Медведев на убедлив начин стигна до седмата победа во десеттиот меѓусебен дуел против Тијафо (7-3). Во првиот сет, при резултат 2-2, тој спаси две брејк-топки, а веќе во следниот гем му го одзеде сервисот и создаде клучна предност. Во вториот сет, Тијафо остана без ниту една шанса за брејк, додека Медведев го скрши отпорот на ривалот во деветтиот гем, по што рутински сервираше за победа. За рускиот тенисер ова ќе биде четврто полуфинале на завршниот Мастерс – турнир на кој триумфираше во 2020 година, а една година подоцна загуби во финалето токму од Александер Зверев.

Во првото денешно полуфинале силите ќе ги одмерат Карлос Алкараз и Бен Шелтон (14.30 часот), дуел во кој Шпанецот влегува со предност од 4-1 во меѓусебните пресметки. Шлагот на денот е закажан за пресметката меѓу Александер Зверев и Данил Медведев (20.30 часот), што ќе биде нивна 23. меѓусебна пресметка, во која Русинот води со 14-8.

ФОТО: X / @KalshiTen