Баерн во паника, Кејн се повреди (ВИДЕО)

Баерн Минхен се соочи со сериозен проблем на дуелот против Келн, откако Хари Кејн мораше предвреме да го заврши натпреварот поради повреда. Англискиот голгетер не можеше да продолжи и го напушти теренот уште во 20. минута, предизвикувајќи загриженост во таборот на баварскиот гигант.

Инцидентот се случи во 15. минута, кога дефанзивецот на Келн, Жоел Шмид интервенираше во обид да го спречи Кејн во опасна ситуација. Англискиот напаѓач почувствува болка во левата нога, односно во пределот на скочниот зглоб, но првично се обиде да продолжи со играта.

Сепак, состојбата не му дозволи да остане на теренот, па тренерот на Баерн беше принуден да направи измена. На негово место влезе Том Бишоф, додека медицинскиот тим веднаш започна со проценка на состојбата на најдобриот стрелец на германскиот шампион.

 

 

Првичните информации од германските медиуми упатуваат на повреда на левиот скочен зглоб, но точната дијагноза сè уште не е позната. Се очекуваат дополнителни лекарски прегледи кои треба да покажат колку е сериозен проблемот и колку долго Кејн би можел да биде надвор од терените.

Потенцијалното отсуство на англискиот голгетер би било огромен удар за Баерн, со оглед на неговата важност за играта на тимот и придонесот во нападот. Листата на повредени играчи на германскиот гигант се зголемува од натпревар во натпревар и на него се наоѓаат уште Алфонсо Дејвис, Мајкл Олисе, Луис Дијаз, Мануел Нојер и Исмаел Саибари.