Рустемовски запрен во четвртфиналето на ЕП во Пореч

Ален Рустемовски немаше среќа во четвртфиналето на Европското првенство за боксери до 23 години, откако со судиска одлука од 2-3 загуби од Турчинот Џинбулак Селахатин.

Македонскиот боксер се бореше за пласман во полуфиналето во категоријата до 60 килограми, но по неизвесната пресметка судиите му ја доделија победата на неговиот противник.

Со овој пораз Рустемовски остана без можност да освои медал на шампионатот во хрватски Пореч.

Нашиот репрезентативец претходно имаше убедлив настап во осминафиналето, кога го совлада Полјакот Јакуб Палка со прекин во третата рунда и најави сериозни амбиции на континенталниот собир.