Кипар во Скопје ќе го пречекаме во необичен термин!

Фудбалската репрезентација на Македонија денеска за противник во баражот ја доби репрезентацијата на Кипар, а сега се познати и термините за двата дуели.

Првиот кој ќе го играме на гостински терен на 25 март е во терминот од 18:00 часот, додека во реваншот три дена подоцна ќе бидеме домаќини во необичен термин за репрезентативен фудбал, 15:00 часот.

На 25 и 27 март се играат двата дуели меѓу Белорусија и Израел, а почетокот е закажан за 20 часот и 45 минути,

Останатите две средби од баражите за опстанок во Б конкуренцијата на програмата се на 27 и 30 март.