Роналдо даде гол во дербито, па не се прослави - промаши пенал! (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо го отвори резултатот на големото дерби од деветтото коло во саудиското првенство меѓу Ал Ахли и Ал Наср, кое се игра во Џеда. Португалецот погоди во 14. минута и стигна до својот 986. гол во професионалната кариера.

Само четири минути подоцна, гостите добија пенал, па Роналдо имаше можност веднаш да го зголеми своето голгетерско салдо и да стигне до 987. погодок. Сепак, овојпат немаше среќа и ја погоди стативата.