Ѓоковиќ направи шоу во Белград: Го зеде микрофонот и запеа голем хит на Џеј! (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ уште еднаш покажа дека знае да прави спектакл и надвор од тениските терени! Најдобриот тенисер на сите времиња им приреди неочекувано изненадување на гостите во еден белградски локал, кога го зеде микрофонот и запеа еден од најголемите хитови на легендарниот Џеј Рамадановски.

Ѓоковиќ уживаше во вечерното излегување во српската престолнина, но мирната вечер брзо се претвори во вистинско шоу. Пејачката Маријана Злопаша го забележала Новак меѓу гостите и го поканила да ѝ се придружи на сцената.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Sportal.rs (@sportalrs)

Тениската суперѕвезда не се двоумеше долго. Го прифати предизвикот, го зеде микрофонот и заедно со неа испеа хит од Џеј Рамадановски.

Снимката од моментот веднаш привлече внимание на социјалните мрежи.