Хаос на меч во АБА: Тренер тргна да ги тепа судиите, па порача – после е*ење нема каење (ВИДЕО)
Словенечкиот стратег ги загуби нервите по одлуката на судиите да досудат фаул при шут за три поени над Шон Пајпс, на само неколку секунди пред крајот на средбата. Поради жестоките реакции, Окорн заработи две технички грешки, а неговите кошаркари мораа физички да го спречуваат да тргне кон арбитрите. Поради техничките грешки досудени за тренерот и за Стефан Тодоровиќ, Пајпс изведе вкупно шест слободни фрлања, со кои Босна ја потврди победата. Видеото од хаосот погледнете го ТУКА.
По завршувањето на натпреварот, Окорн му честиташе на домаќинот и одби подетално да ја коментира спорната судиска одлука, нагласувајќи дека е задоволен од напредокот на својата екипа.
„Ѝ честитам на Босна и на колегата Ѓерѓа за победата. Видовте што се случи на крајот, не би сакал сега да го коментирам тоа. На тешко гостување имавме сè во свои раце, но таков е спортот. Добро скокавме, бевме агресивни, верувам во оваа млада екипа“, изјави Окорн, по што со една реченица ги насмеа присутните новинари: „На крајот, како што би рекле, после е*ење нема каење, и тоа е тоа.“
Тренерот на Илирија се осврна и на својата бурна реакција во завршницата, објаснувајќи дека не жали што застанал во одбрана на тимот.
„Се потврди дека имало фаул, па ако е така, тогаш тоа е глупост на мојот кошаркар. Од друга страна, јас тоа не го видов од мојот агол, немам ниту снимка. Мојата реакција беше таква, јас не се повлекувам и повторно би го направил истото. Секогаш во такви ситуации ќе ја заштитам својата екипа. Кога не играат добро одам остро кон нив, а кога играат добро и заслужуваат, секогаш ќе застанам зад нив“, порача Окорн.