Куманово го надигра Бутел, прва победа за Младост во Суперлигата
Голема борба го одбележа мечот меѓу Куманово и Бутел, а првото полувреме заврши нерешено (14-14). Битката продолжи и во вториот дел, а на крајот домаќинот се радуваше на триумф од 30-28.
Најефикасен во победничкиот тим беше Оман со осум голови, додека Субашевски и Стоилевски постигнаа по пет погодоци.
Младост се израдува на првиот триумф во елитата, откако ја надигра Струга со 30-28, а најдобар во победничкиот тим беше Андоновски со осум голови.
Фото: Facebook/МРК Куманово