Пелистер го нокаутира Куманово и им се врати на победите во лигата!

Кошаркарите на Пелистер триумфираа со убедливи 85-72 против Куманово во осмото коло од македонската Суперлига.

Битолчани доминираа во првото полувреме, кое им припадна со 45-33, додека во вториот дел ја чуваа предноста сè до конечни 85-72.

 Најефикасен во победничкиот тим беше Вилсон со 16 поени, додека Фундиќ запиша 18 поени за Куманово.

Пелистер по осум одиграни меча е на седмата позиција и има 11 бодови, додека Куманово е втор со еден поен повеќе.

Фото: Facebook/КК Пелистер Битола