Прославата се претвори во трагедија - 11 загинати и 47 повредени во Индија (ВИДЕО)

Најмалку 11 лица ги загубија животите, а 47 се повредени во стампедо пред стадион во Индија, каде што навивачите се собраа да ја прослават титулата на Ројал Челенџерс во индиската премиер лига во крикет.

Илјадници луѓе го окупираа просторот околу стадионот додека екипата во вечерните часови пристигна со автобус. Сепак, прославата се претвори во ужас откако се создаде стампедо и навивачи буквално поминуваа еден врз друг.