Големо засилување во Вардар: Пристигнува фудбалер од француски Мец!

Варен Тчимбембе кој претходно беше дел од Мец во Лига 2 е новото странско засилување за Вардар кој пристигнува откако му истече договорот со францускиот клуб.

Станува збор за фудбалер кој има 27 години и игра како последен играч за врска, а во кариерата го носел дресот уште на Троа и Генгамп од Франција, како и шпански Мирандес.

Низ кариерата има искуство и со натпревари во најсилната француска Лига каде што одиграл вкупно 24 натпревари.

Зад себе исто така има и три настапи за репрезентацијата на Конго.