
Алонсо нема никого да поштеди во Реал Мадрид - ги нападна Винисиус и Мбапе!
Алонсо им одржал лекција на дел од фудбалерите дека мора да помагаат во одбраната, а меѓу нив биле Килијан Мбапе и Винисиус Жуниор, кои во минатото не преземаа обврски во дефанзивата.
„Сите фудбалери мора да учествуваат во одбраната и да помагаат. Винисиус, Џуд, Феде, Мбапе, сите. Нема исклучок за никого“, кажа Алонсо.
Шпанските медиуми објавија дека Алонсо посебно мислел на Винисиус и Мбапе, кои во иднина ќе мора повеќе да се трудат на теренот.
Фото: Facebook/Real Madrid C.F.