
Артета не може да запре: Соиграч на Димитриевски пред трансфер во Арсенал
Москера веќе даде „зелено светло“ за преселба во Лондон, а Арсенал наскоро треба да ги договори условите за трансферот со Валенсија.
Вредноста на Москера, според „Трансфермаркт“ изнесува 30 милиони евра, а толку ќе бара и Валенсија за неговите услуги.
Тренерот Микел Артета пред почетокот на летниот трансфер период кажа дека приоритет ќе биде засилување во нападот, но засега „топчиите“ ги засилуваат останатите позиции.
Фото: Facebook/Arsenal