Македонија го дозна противникот во борбата за 25. место на младинското СП

Македонската ракометна репрезентација до 21 година ќе се бори против САД за 25. место на Светското првенство (СП) кое се игра во Полска.

САД славеше против Бахреин со 29-26 и си закажа дуел против Македонија, а истиот е закажан за утре од 18.30 часот.

Македонија денеска триумфира против Бразил по изведување на пенали, каде што блесна младиот голман Иван Галевски.