Едерсон направи голема глупост, па Калулу се „реваншира“ со автогол (ВИДЕО)

Манчестер сити води со 2-1 против Јувентус на полувреме во третото коло од групната фаза на Светското клупско првенство.

Првиот гол на мечот беше постигнат во деветтата минута преку Доку, но набрзо голманот на „граѓаните“, Едерсон направи голема глупост и го почести ривалот кој знаеше како да казни преку Копмајнерс (1-1).

Премиерлигашот до ново водство стигна во 26. минута, откако Калулу имаше несмасна интервенција и ја испрати топката во мрежата на неговиот тим.