Шкупи се наполни со петтолигашки фудбалери од Германија!

Поранешниот македонски шампион Шкупи промовира ново засилување за следната сезона, а тоа е 20-годишниот Малик Кадир Хајвали кој доаѓа од германскиот петтолигаш Мехтершаим.

Германскиот фудбалер игра на позицијата десно централен крилен напаѓач, а минатата сезона настапил на 20 меча за Мехтершаим и постигна еден гол и една асистенција.

Шкупи претходно се засили со уште неколку фудбалери, како Адонис Милај и Максимилијан „Макс“ Гроте кои играле во германски нисколигаши.

Скопскиот тим во минатато ангажираше репрезентативци и звучни имиња, но ова лето тргна со анонимуси и останува да видиме какви амбиции ќе има тимот за следната сезона.

Шкупи ја заврши сезоната 2024/25 на седмата позиција во Првата лига со 38 бодови.