
Втор триумф на СП: Македонија на пенали го доби Бразил!
Натпреварот во разигрувањето за од 25 до 28 позиција започна изедначено, двете репрезентации се менуваа во водството, а во финишот Македонија беше подобра, па на паузата обезбедивме предност од три гола разлика (18-21).
Сепак, со почетокот на второто полувреме, Бразил заигра многу подбро и по пет минути игра во вториот дел го израмни резултатот на 22-22.
И во продолжение избраниците на Раде Стојановиќ не беа истото ниво, па Бразил поведе и со чеитри голови разлика (29-25), Македонија сепак успеа да се врати во игра и со гол на осум секунди пред истекот на времето да дојде до израмнување на 34-34.
Во пенал серијата блесна Галевски кој одбрани два седмерци на противничките ракометари, доволни Македонија да слави победа. Во битка за 25-тата позиција на шампионатот, Македонија ќе игра со подобриот од мечот помеѓу САД и Бахреин.