Ако не успее да ги донесе Вилијамс и Гитенс, Баерн Минхен има - план Б!
Баерн, сепак, не е во добра позиција да обезбеди потпис на некој од двајцата фудбалери, па поради тоа има – план Б.
„Билд“ пишува дека бундеслигашот ќе се обиде да потпише договор со ѕвездата на Ливерпул, Коди Гакпо.
Гакпо минатата сезона настапи на 49 меча во сите натпреварувања, а притоа постигна 18 голови и седум асистенции.