Силекс ремизира против Дрита на стартот на подготовките во Банско

Македонскиот прволигаш Силекс одигра нерешено против Дрита (2-2) во првиот контролен натпревар на подготовките во Банско, Бугарија.

Головите за македонскиот состав ги постигнаа Мартин Мирчевски и Миљан Говедарица, кои неодамна го засилија тимот од Кратово.

Силекс по подготовките ќе се соочи против Дечиќ од Црна Гора во првото квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА.

Фото: ФК Силекс