
Откриени деталите: Роналдо ќе заработува македонска просечна плата за помалку од две минути
Роналдо ќе заработува неверојатни 178 милиони фунти годишно, односно 209 милиони евра по сезона, односно 6.6 евра по секунда или една просечна македонска плата на секои 111 секунди, односно нешто помалку од две минути.
Роналдо притоа ќе добие 15 отсто од акциите на Ал-Наср, како и различни бонуси за постигнати голови, асистенции, освоени титули, како и други привилегии меѓу кои и луѓе кои ќе се грижат за него, како возачи, кувари, обезбедување и друго.
Фото: X/AlNassr FC