Теодосиќ ѝ кажа збогум на кошарката: Дојде и тој момент!

Легендарниот српски кошаркар, Милош Теодосиќ денеска објави дека ја завршува својата голема кариера.

Теодосиќ става крај на кариерата на 39 години, а две години беше дел и од НБА лигата каде што настапуваше за Клиперс.

Прво, ви благодарам за 30 години заедничка борба, уживање, радост и тага. Дојде моментот да се простам од една фаза на мојата љубов кон магичната игра под обрачите.

Зад мене, зад нас, има многу желба, борба, жртви. И освоени трофеи, но и загубени финалиња. Сето тоа е кошарка и сето тоа е живот. И не би менувал ништо од тоа – сè би направил повторно, исто!“, стои меѓу другото во пораката со која Теодосиќ се збогуваше од фановите.

Се повлекува како кошаркар на Црвена Звезда, а настапуваше уште за Виртус Болоња, Борац Чачак, Олимпиајкос, ЦСКА и ФМП каде што ја започната кариерата.

Најголемиот успех со репрезентацијата на Србија го оствари со освојувањето на светското и олимписко сребро во 2014 година во Шпанија и две години подоцна во Рио Де Женеиро.