Фетел се враќа во тимот со кој освои четири титули во Ф1!?

Поранешниот возач во Формула 1, Себастијан Фетел би можел да се врати во „најбрзиот циркус“ во светот и повторно да биде дел од тимот на Ред Бул.

Фетел го имаше најуспешниот дел од кариерата во Ред Бул со кој освои четири титули, а потоа возеше за Ферари и Астон Мартин пред да се повлече од Ф1.

„Разговорите во моментов не се интензивни, но би можел да се вратам во тимот, а ќе видиме во каква улога“, откри Германецот.