Шкендија итно се врати во Македонија – откажан и натпреварот со Олимпија!

Eкипата на Шкендија порано од предвиденото се врати од подготовките во Словенија поради постапката за обезбедување визи на тимот на гостувањето кај ТНС од Велс.

Шкендија веднаш по вчерашниот пријателски натпреварр со ЦСКА Софија кој заврши без победник 1-1 тргнала кон Македонија затоа што терминот за аплцирање на визи им бил закажан за 26 јуни (денеска) и 27 јуни.

Подготовките на Шкендија во Словенија беа планирано да траат уште три дена во кои тетовскиот клуб требаше да одигра и пријателски натпревар со Олимпија Љубљана кој сега е откажан. Така ослободениот термин Шкендија ќе го пополни со натпревар против Динамо сити од Албаниај кој ќе се игра во Тетово на 1 јули.

Шкендија во првиот натпревар од квалификациите за Конференциската лига гостува кај ТНС н 8 јули, додека на 15 ќе го пречека велшкиот клуб во Скопје.