Дориев ја израдува Согдиана, па се најде во тимот на колото (ФОТО)

Македонскиот фудбалер Љупче Дориев пред една недела се запиша во листата на стрелци против Хоразм Урганч и донесе три бодови за Согдиана, а тоа му овозможи да се најде во тимот на колото.

Дориев постигна погодок за Согдиана во 84. минута и така ја обезбеди победата против Хоразм Урганч во узбекистанската лига.

Согдиана во моментов се наоѓа на 12. место со 13 бодови, додека Дориев одигра 14 меча за тимот и притоа постигна седум голови и четири асистенции.

Фото: Facebook/Sogdiana Jizzax