
Ѓоковиќ презадоволен: Ако се прашувате зошто уште играм - ова е причината
Србинот го совлада Александер Зверев кој е третопласиран на АТП листата и го повтори ланскиот резултат, а за пласман во големото финале ќе игра против првиот светски рекет Јаник Синер. Победата на Ѓоковиќ дополнително добива на значење ако се знае дека до неа дојде со пресврт откако го загуби првиот сет, но и тоа што од почетокот на сезоната немаше којзнае какви резултати, освен финале во Мајами и титула на турнирот во Женева на кој не настапија елитните тенисери. Очекувано, тој е презадоволен од своето издание, а уште по триумфот во осминафиналето изјави дека оди на титула во Париз.
„Го видов Фелисијано Лопез, мојот голем пријател и тој ми помогна да ги надминам проблемите. Знаете, мислам дека одиграв одличен меч за мои 38 години и тоа нешто значи. Ако ме прашувате уште сакам да се натпреварувам, тоа се натпревари како овој“, рече Ѓоковиќ.
Србинот играше полуфинале и на првиот Гренд слем во сезоната, во Мелбурн, но тогаш му предаде токму на Александер Зверев, поради повреда. Со Синер има осум меѓусебни дуели, резултатот е 4-4, но Италијанецот е во серија од три победи.