
Младинцитете на ШК Алкалоид го освоија „Куманово Опен“
Во оваа конкуренција се одиграа 7 кола, а имаше 37 учесници, при што Никола Радоњанин беше трет според стартниот рејтинг, но со 5 победи во низа во првите две кола, како и со две ремија во последните две кола успеа да заврши непоразен и и со 6 бода од 7 можни поени да го освои победничкиот пехар. Притоа, тој освои нови 63 рејтинг- поени, а неговиот клупски колега, Стефан Мелник, исто така, остана непоразен, но имаше едно реми повеќе и со 5,5 поени се најде на третото место.
На турнирот за играчи до 10 години славеше Давид Атанасовски, исто така, дел од Ммладинската школа на нашиот најтрофеен шаховски колектив, освојувајќи 6 поени од можните 7 поени.
Ова не се единствените успеси, бидејќи минатата седмица Кирил Николовски од ШК Мулти Есенс, го освои второто место со 5,5 поени од 7 партии, на Ммеѓународниот младински турнир „Квалитет“, кој се играше во Скопје. Првото место на Ттурнирот, со 6 поени, му припадна на ФМ Антон Златков.
Претходно, со три први и со две втори места, учениците на најдобрите македонски велемајстори издоминираа на екипните државни првенства за млади. За одбележување е фактот дека во категоријата играчи до 18 години на првата табла ШК Алкалоид ја имаше Моника Жежовска, која во моментов е најперспективната јуниорка во македонскиот шах. Таа Благодарение насо репрезентативните настапи во 2024 година, таа ја освои титулата жЖенски ФИДЕ- мМајстор и играше на првата табла за екипата, во рамноправна конкуренција со момчињата, на ова екипно младинско првенство.