Суспендиран најдобриот стрелец во историјата на Евролигата - се тепал во ресторан!

Најдобар стрелец во историјата на Евролигата, Мајк Џејмс, е суспендиран на неопределено време од страна на Монако, актуелниот европски вицешампион.

Официјалното соопштение не ги наведува причините за суспензијата, но француските медиуми објавуваат дека зад неа стои немили настан што се случил надвор од спортските терени. Џејмс, според „Л'Екип“, бил инволвиран во физички инцидент во ресторан во Монако, при што, наводно, упатувал навреди кон полицајците кои дошле да реагираат. Случајот нема директна поврзаност со спортски активности, што дополнително го усложнува неговиот статус во клубот.

Џејмс не настапи во четвртфиналната плејоф серија од француското првенство против Лe Ман, поради повреда здобиена на завршниот турнир на Евролигата, каде што токму тој го предводеше тимот до финалето. Монако ја доби серијата со 2-1, но Американецот не беше присутен на последниот натпревар, додека на првиот меч ја следеше играта од зад клупата.

Клубот од Кнежеството не планира да го вклучи во тимот за претстојната полуфинална серија против Асвел и во моментов не се разгледува можност за негово враќање во тимот.

ФОТО: EPA PHOTO