
Иван Чупиќ ќе биде промовиран в петок, Вардар добива комплетно нов стручен штаб!
Иван Чупиќ кој двапати со Вардар ја покори Европа како ракометар, сега ќе ја има улогата на тренер.
Хрватот се враќа на позната локација, во петок и официјално ќе биде промовиран во нов предводник на црвено-црните.
При преговорите Чупиќ побарал тој сам да си го формира стручниот штаб, а најава за тоа е и денешното потпишување со Вардар на Марио Келентриќ кој ќе биде тренер на голманите.
Се шпекулира дека Столе Стоилов, досегашниот прв асистент на Гилермо Милано, нема да биде дел од новиот стручен тим на Чупиќ. А, дали Стоилов ќе добие нова функција во клубот, засега никој од клубот не сака да коментира...