ФИФА воведе ново правило и го тестира на Светското клупско првенство (ВИДЕО)

Светското клупско првенство е одлична можност за да се имплементира уште една промена на правилата, а веќе почна примената на истата. На дуелот меѓу Улсан и Мамелоди беше забележана реакција од судијата поради крадење на време од голманот.

Правилото е против голманите, односно тие ќе имаат осум секунди да ја исфрлат топката затоа што во спротивно ќе биде досуден корнер за ривалите, а токму тоа се случи на мечот меѓу Улсан и Мамелоди.