
Скандал во Италија: Затруени речиси сите фудбалери на Салернитана при гостувањето кај Сампдорија
Се борат Сампдорија и Салернитана, а тимот од Џенова има предност од 2-0 од првиот натпревар на домашен терен, одигран во неделата. Реваншот требаше да се игра в петок, но е одложен за 22 јуни поради мадовно труење на фудбалерите на Салернитана при првиот меч во Џенова.
Затруени со храна се вкупно 22 члена на екипата, меѓу кои речиси сите фудбалери, но и членови на стручниот штаб. Ситуацијата е толку специфична што дури и полицијата направила увид во хотелот каде што биле сместена експедицијата на Салернитана.