Гасперини прави ремонт на Рома - ќе купи пет нови фудбалери!

Новиот тренер на Рома, Џан Пјеро Гасперини сака да направи целосен ремонт на екипата од Рим, откако го презема кормилото од Клаудио Раниери.

Гасперини планира да ангажира пет фудбалери во летниот преоден рок, односно сака нов стопер, десен бек, лев бек, фудбалер за врска и напаѓач.

Рома ја заврши сезоната на петтата позиција со 69 поени, веднаш зад Јувентус кој имаше еден бод повеќе.

Фото: Facebook/Atalanta Bergamasca Calcio