Сити тргна со триумф на СП за клубови: Фоден и Доку го решија Видад!

Фудбалерите на Манчестер сити триумфираа со 2-0 против Видад во првото коло од Светското клупско првенство.

Фил Фоден по само две минути стрелаше во мрежата на Видад за 1-0, а потоа англискиот репрезентативец запиша асистенција при голот на Жереми Доку.

Во второто полувреме не се менуваше резултатот, иако Видад имаше повеќе шанси кон голот на „граѓаните“.

Во групата на Манчестер сити и Видад се наоѓаат уште и Јувентус и Ал-Аин.

Фото: Fcaebook/Manchester City