
Играч од Б-тимот е стрелец на првиот гол на Реал во ерата на Чаби Алонсо (ВИДЕО)
Стрелец е Гонзало Гарсија, 21-годишен напаѓач кој не е регуларен член на првиот тим на Реал, туку е од Б-екипата која се натпреварува во Третата лига на Шпанија. Тој погоди во 34. минута кога со гол го круниса одличниот контранапад, како и асистенцијата на Родриго. Гарсија има пет натпревари во Ла Лига, но најчесто пополнува место кога некој од играчите е повреден или одмора.
Гарсија денеска доби шанса во стартната постава бидејќи во комбинација не е првиот голгетер во тимот Килијан Мбапе.