Валверде промаши пенал за победа, Реал не успеа да го совлада Ал Хилал (ВИДЕО)

Екипите на Реал и Ал Хилал одиграа без победник (1-1) во вториот натпревар од денешната програма на Светското клупско првенство што се одржува во САД.

Трагичар на мечот беше уругвајскиот репрезентативец Федерико Валверде кој промаши пенал во 92. минута од кој Реал можеше да дојде до победата на овој меч. Сепак, тоа можеби беше и космичка правда бидејќи Ал Хилал со сето покажано, не заслужи да ззагуби на овој натпревар.

Двата гола беа постигнати во првото полувреме и тоа во период од седум минути. Во 34., Гонзало Гарсија го запиша првиот погодок на Реал во ерата на Чаби Алонсо откако со гол го круниса контранападот и асистенцијата од Родриго. Во 41. минута израмни Невес од пенал и со тоа го постави конечниот резултат.

Мора да се истакне дека Реал беше без својот прв голгетер Килијан Мбапе. Во оваа група се уште екипите на Пачука и Салцбург кои својот меѓусебен дуел го играат вечерва на полноќ по средноевропско време.