
Ништо не се менува кај Винисиус - доби жолт картон за симулирање (ВИДЕО)
Сепак, еден од моментите кои го одбележаа ова прво полувреме беше жолтиот картон што во 15. минута го доби Винисиус Жуниор. Бразилецот беше санкциониран во раната фаза од мечот поради симулирање. Реал беше во контранапад кога на Винисиус тргна еден противничкиот играч, а крилниот фудбалер го прескокна и легна на теренот.
Судијата јасно ја виде ситуацијата и не само што му ја додели топката на Ал Хилал, туку и му покажа жолт картон на Винисиус.