
Македонија кандидат за организатор на машкото ракометно ЕП 2034!
Според Рожман, заедничка кандидатура подготвуваат Словенија, Србија и Македонија и досега се направени неколку чекори во оваа насока. Планирано е Македонија да биде домаќин на две групи од првата фаза, како и останатите две држави, а завршницата би се играла во белградката Арена поради нејзиниот капацитет.
Ако ова се оствари, тоа би бил најголем ракометен настан одржан во земјава откако претходно Македонија два пати беше домаќин на Европско првенство во женска конкуренција. Прво, во 2008 година самостојно го организираше континенталниот шампионат, а во 2022 година, заедно со Словенија и Црна Гора.