Хапоел останува без планираните засилувања поради воената состојба!

Хапоел Тел Авив вложи многу пари за да создаде квалитетна екипа за Евролигата, но по ситуацијата во Израел и воениот конфликт со Иран се појавија првите проблеми.

Над 10 милиони евра беа подготвени за двајца кошаркари, Данијел Отуру и Елајџа Брајант кои се премислиле и го известиле Хапоел дека не сакаат да се преселат во Тел Авив.

Ситуацијата меѓу Израел и Иран ескалираше во претходните денови, кога двете земји разменија голем број ракети.

Фото: Facebook/Anadolu Efes Spor Kulübü