Јунајтед го руши клупскиот рекорд: Аморим нуди 160 милиони евра за ѕвезда од Ла Лига

Манчестер јунајтед имаше очајна сезона, па поради тоа сака летово да ангажира нови фудбалери и очигледно не планира да штеди пари колку што може да се забележи по шпекулациите на англиските медиуми.

Гигантот од „Олд Трафорд“ наводно бил подготвен да плати дури 160 милиони евра за услугите на еден од најдобрите фудбалери на Барселона, а тоа е Бразилецот Рафиња.

„Црвените ѓаволи“ веќе ангажираа едно големо засилување, односно го реализираа трансферот на Матеус Куња кој изнесува 74 милиони евра.

Рафиња минатата сезона беше одличен во редовите на каталонскиот гигант, односно запиша 34 голови и 25 асистенции во 57 настапи за Барселона.

Фото: Facebook/Manchester United