Мудрик падна на допинг-тест поради супстанца која ја користела руска војска!?

Украинскиот репрезентативец и ѕвезда на Челси, Михајло Мудрик е обвинет од Англискиот фудбалски сојуз дека ги прекршил допинг-правилата и му се заканува четиригодишна суспензија.

„Дејли Мејл“ објави дека во крвта на Украинецот била пронајдена недозволена супстанца мелдониум која ја користеле руските војници во минатото.

Мудрик беше суспендиран привремено додека ги чекаа резултатите од „Б“- примерокот, а фудбалската асоцијација сега потврди дека е поднесено обвинение.

„Можеме да потврдиме дека Мудрик е обвинет за кршење на анти-допинг правилата, поради употреба на забранета супстанца“, кажа портпаролот.

Фото: EPA PHOTO