Поради тензиите со Иран: Македонија и Израел ќе играат без публика!

Одбојкарската репрезентација на Македонија викендов во Струмица ќе биде домаќин на третиот турнир од Европската лига, каде што нашите одбојкари ќе се соочат против Израел и Црна Гора.

Поради воената состојба и тензиите меѓу Израел и Иран, одбојкарската федерација на Македонија соопшти дека мечот ќе се игра пред празни трибини во Спортската сала „Парк“ в петок од 20 часот.

Од истите причини и натпреварот меѓу Израел и Црна Гора, в сабота, од 20 часот во салата „Парк“ ќе се игра пред празни трибини, а љубителите на одбојката во живо ќе може да го следат единствено дуелот меѓу Македонија и Црна Гора, в недела, од 20 часот.

Фото: Одбојкарска федерација на Македонија