Марио Келентриќ го засили стручниот штаб на Вардар, ќе биде - тренер на голманите!

Ракометниот клуб Вардар промовираше ново име во стручниот штаб за наредната сезона, станува збор за легендарниот хрватски голман, Марио Келентриќ.

Досегашниот тренер на голманите, Стојан Петрушевски ќе биде прекомандуван во младите категории, а на негово место доаѓа Марио Келентриќ.

„Ракометниот клуб Вардар добива сериозно засилување во стручниот штаб за следната сезона. Легендарниот хрватски голман Марио Келентриќ ќе биде новиот тренер на голманите на сениорскиот тим, носејќи богато искуство и енергија“, стои во соопштението на РК Вардар.