Скандал во Турција: Членови на Дисциплинската комисија правеле план против Мурињо!

Огромен скандал го потресе турскиот фудбал, откако беа објавени пораки од „ВацАп“ кои ги разменувале важни луѓе од Дисциплинската комисија, а се однесувале на Фенербахче и Жозе Мурињо.

Претседателот на Професионалната фудбалска дисциплинска комисија на Турција, како и останатите членови во него решиле да дадат оставки откако во пораките кои се разменувале било споменато дека подготвуваат одмазда против Мурињо во следната сезона.

Мурињо претходно ги напаѓаше луѓето кои раководат со федерацијата и лигата во Турција, поради скандалозни одлуки кои се случуваа на теренот.

За целиот случај реагираше и Фенербахче преку социјалните мрежи, каде што побара одговорност по пораките кои се појавија во јавност.

Фото: Facebook/Fenerbahçe